КАПИТЕНОТ НАЈАВУВА ЛАВОВСКА БИТКА ПРОТИВ МЕШКОВ БРЕСТ

Стоилов: Сакаме полна сала, одиме на победа

По пауза од три недели, Вардар продолжува со мечевите од Лигата на шампионите. Во сабота (17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански" гостува Мешков Брест во рамките на шестото коло.

објавено: 1 ноември 2018 - 12:09

По пауза од три недели, Вардар продолжува со мечевите од Лигата на шампионите. Во сабота (17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“ гостува Мешков Брест во рамките на шестото коло. Овој меч ќе биде одлична шанса за да „црвено-црните“ се вратат на победничките патеки по поразот од Келце на гостински терен.

Капитенот Стојанче Стоилов посакува полна сала и ветува лавовска битка на теренот.

„Не очекува дуелот со Мешков Брест. Станува збор за екипа против која играме секоја година, добро се познаваме. Покажаа дека имаат квалитет, сериозен тим. Наше е да  докажеме зошто сме фаворити, играме на домашен терен и сакаме полна сала. Имавме повредени играчи претходно, дури сега почнавме да тренираме заедно. 

Сега не информираа дека ќе бидеме без еден играч, но нема оправдувања мора да се оди на победа“, изјави капитенот Стоилов.

 

 

Најново во Ракомет