И СЛЕДНАТА СЕЗОНА СО ДВАЈЦА ПРЕТСТАВНИЦИ

Стигна добра вест од Глазгов, Металург доби вајлд-карта

Покрај Вардар, во новата сезона во Лигата на шампионите ќе го гледаме и Металург, кој трета година по ред добива вајлд-карта. 

објавено: 18 јуни 2018 - 17:05

Стигна добра вест за Металург од Глазгов. Извршната комисија при ЕХФ одлучи да му додели вајлд-карта на тимот од Автокоманда за настап во Лигата на шампионите, каде загарнтирано место има Вардар и ќе игра во А или Б групата.

„Металурзите“ веќе трета година по ред без да играат квалификациски мечеви се дел од елитното натпреварување, но во групите Ц и Д. Покрај македонскиот вицепрвак вајлд-карти добија уште: Рајн Некар, Веспрем, Нант на Кирил Лазаров и бранителот на титулата во ЛШ, Монпелје, овие тимови ќе играат во групите А или Б.

Апликациите на Горење, Макаби, СКА Минск, Алпла Хард, Берлин и Лајонс се одбиени.

 Ждрепката за групната фаза е закажана за 29 овој месец.

 

Најново во Ракомет