ЗА ВТОРИОТ НАТПРЕВАР НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ВО ЛШ

Стартува продажбата на билети за дуелот Вардар-Кристијанштад

Од денеска (понеделник) во продажба се пуштаат билетите за првиот домашен натпревар на Вардар во Лигата на шампионите, против Кристијанштад. Дуелот е закажан за 22 септември во СЦ „Јане Сандански".

објавено: 17 септември 2018 - 11:00

Во продажба се пуштени поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во ЛШ и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Кристијанштад се:

350 денари за местата на трибина

400 денари за А блоковите

Билетите може да се купат на билетарницата на Сц „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk

Вардар на првиот натпревар сезонава во ЛШ победи на гостувањето кај Монпелје, актуелниот европски шампион со 27-24.

Во групата А покрај Вардар и Монпелје се уште и екипите на Рајн Некар, Веспрем, Кјелце, Барселона, Кристијанштад и Мешков.

Најново во Ракомет