Екс-голманот на Вардар во трка за ласкаво признание

Штербик е номиниран за Спортист на годината според АИПС

Извонредните настапи во дресот на Вардар во Лигата на шампионите и перформансот на ЕП му донесоа номинација во изнорот на спортските новинари.

објавено: 29 декември 2018 - 22:45

Довчерашниот голман на Вардар, Арпад Штербик, кој ова лето се пресели на голот на унгарски Веспрем е еден од кандидатите за наградата Спортист на годината 2018 во изборот на АИПС (асоцијацијата на спортските новинари). Штербик оваа година со Вардар повторно беше дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите и беше едно од најзабележителните имиња на светската ракометна сцена. Toj беше и клучна фигура во освојувањето на златниот медал на Шпанија на овогодинешното европско првенство.

39-годишниот голман е во конкуренција со Луис Хамилтон, Новак Ѓоковиќ, Лука Модриќ, Стеф Кари и Леброн Џејмс, како и швајцарскиот тениски феномен, Роже Федерер.

Кај дамите во конкуренција за АИПС наградата за Спортист на годината се најдоа: атлетичарката Катка Катинка, скијачката Микаела Шифрин, тенисерките Серена Вилијамс и Симона Халеп, фудбалерката Ада Хегерберг и гимнстичарката Симон Бајлс.

Најново во Ракомет