НОВ ДОГОВОР ЗА НАЈДОБРИОТ РАКОМЕТАР НА „ЛАВОВИТЕ“

Шмид во РНЛ до 2022 година: Не можам да замислам да носам друг дрес

Најдобриот ракометар на Рајн Некар Левен, Швајцарецот Енди Шмид го продолжи договорот до 2022 година. 

објавено: 8 октомври 2018 - 18:35

Енди Шмид нема намера да ја смени средината до крајот на својата кариера. Најдобриот ракометар на германскиот тим го продолжи договорот со 2022 година.
Швајцарецот во таборот на „лавовите“ дојде во 2010 година, а сега веќе ја носи капитенската лента. 

„Не можам да замислам да го носам дресот на друг тим. Сакам кариерата да ја завршам во Рајн Некар, ова е одлука и на моето семејство“, изјави Шмид.

Најдобриот ракометар на РНЛ потекнува од школата на Грасхоперс, во Швајцарија играше и за Амичитиа Цирих, додека првото интернационално искуство му беше во Силкеборг.
 

Најново во Ракомет