ПЕТТИ ПОРАЗ НА ФРАНЦУСКИОТ ТИМ ВО ЛШ

Шампионот стана пациент: Давид Дејвис со деби победа среде Монпелје

Веспрем му го нанесе петтиот пораз на бранителот на титулата во Лигата на шампионите, во дебито на Давид Дејвис славеше со 30-29. 

објавено: 13 октомври 2018 - 19:11

Веспрем му го нанесе петтиот пораз на бранителот на титулата во Лигата на шампионите, во дебито на Давид Дејвис славеше со 30-29. За унгарскиот тим ова е трета победа сезонава, втора по ред по поразот од Вардар на домашен терен. 

Двата тима одиграа доста неизвесен натпревар, со бројни промени на водството. Првото полувреме повеќе му легна на бранителот на титулата, на полувремето имаше предност од 16-14, иако гостите до 15. минута ја одржуваа позитивата од два гола (7-9).

По одморот францускиот тим веднаш дојде на плсу три (17-14), позитива која ја имаше и во 35. минута 19-16. Следеше налет на Веспрем, не само што изедначи, предводен од Штрлек Ненадиќ, како и одличниот Милер, дојде до највисоки 23-26 и 24-27. Во кам-бекот учествуваше и Дејан Манасков. Се чинеше тука е крајот, но вака не размислуваше Монпелје. Ричардсон, Порт се изборија за незивесна завршница. 

Македонскиот репрезентативец во 58. минута не успеа да го врати водството при 29-29. Мацковшек ја исправи грешката, на другата страна францускиот тим не погоди за реми. 

Манасков средбата ја заврши со два гола од три обиди, прво име кај победникот беше Штрлек со шест погодоци.

Во групата А, претходно Барселона на гостувањето кај Мешков Брест славеше со 29-21 за четврта победа во низа и привремено искачување на врвот на табелата. Петото коло ќе биде комплетирано со дуелот меѓу Келце и Вардар.

Најново во Ракомет