НОВ МАЛЕР ЗА КЕЛЦЕ

Сезоната завршува и за Алекс Душебаев?

Неофицијално бекот ги повредил лигаментите на коленото во дуелот со Кристијанштад.

објавено: 10 февруари 2019 - 14:10

Еден од директните ривали на Вардар за второто место во групата А во Лигата на шампионите, Келце, се соочува со нов проблем, откако бекот Алекс Душебаев заработи повреда на првиот меч во продолжението, против Кристијанштад.

Душебаев најверојатно заработи повреда на лигаментите на коленото во првото полувреме, со оглед на болниот израз на лицето со кое го напушти теренот, а потоа не влезе во игра до крајот на мечот.

Доколку црните прогнози се покажат како вистинити по деталните прегледи во Полска, стратегот Талант Душебаев ќе има и тоа какви главоболки со оглед на тоа дека по СП во Данска и Германија, го загуби и другиот син, Даниел Душебаев (исто така повреда на лигаментите на коленото), како и Лука Циндриќ, кој поради проблеми со бутниот мускул ќе одмора до март.

 

Најново во Ракомет