ПОЛСКИТЕ МЕДИУМИ ОТКРИВААТ

Сепак ќе има казна, Келце го пријави Вардар во ЕХФ

Полскиот тим, сепак го пријави македонскиот првак за транспарентот кој стоеше на трибините за време на дуелот меѓу Вардар и Келце. 

објавено: 4 декември 2018 - 21:18

Од таборот на полскиот тим никако да се смират страстите по гостувањето во Скопје и оној жесток говор на Талант Душебаев за време на прес-конференцијата. Стратегот на гостинскиот тим не можеше да се воздржи, јавно го повика креаторот на транспарентот кој стоеше на трибините во СЦ „Јане Сандански“ со порака - „Талант Петух“ во превод „Талант петел“, додека жаргонски значи „Талан пе*ер“.

Откако на својот „Твитер“ профил Келце испрати порака до македонскиот шампион, тамошните медиуми открија дека го пријавиле Вардар во ЕХФ и чекаат соодветна казна. Според Келце челниците на македонскиот тим требало веднаш да реагираат и да го тргнат транспарентот.  

Најново во Ракомет