КАЈ НИВ ВРЕМЕТО ЗАСТАНАЛО

Романците не попуштаат: Ракометарите ќе мора да играат во пеколни услови

„Нема да има климатизација, ќе играме под вакви услови“, ни потврдија од таборот на нашиот национален тим. 

објавено: 13 јуни 2018 - 08:00

Од Клуж, Марија Ковачева

Не е само вчерашниот тренинг, Романија не планира да ја пушти климатизацијата во салата „Хореа Демјан", ниту за денешниот реванш дуел со Македонија (17:30 часот по македонско време) за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска.

Оваа одлука на тамошната федерација, нема да им наштети само на нашите ракометари, проблем ќе имаат и Романците, но очигледно воопшто не им е грижа за своите репрезентативции. Ако вчера немаше воздух, додека тренираа „црвено-жолтите“, денеска можеме да замислиме што ќе се случи кога покрај двата тима на трибините ќе има околу 1.000 фанови (капацитетот е 2.500).

„Нема да има климатизација, ќе играме под вакви услови", ни потврдија од таборот на нашиот национален тим.

Дефинитивно во оваа земја како да застанало времето. 

Раул Гонзалез и неговите избраници веќе се на чекор до пласман на ново Светско првенство, на домашен терен пред три дена славеа со 32-24, останува само да ја потврдат победата. 

Најново во Ракомет