ПОЗНАТ СОСТАВОТ ЗА ВЕЧЕРАШНИОТ ДУЕЛ

Раул ги одбра борците за Романија

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) го игра првиот бараж меч за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска. 

објавено: 10 јуни 2018 - 11:23

Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) го игра првиот бараж меч за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија и Данска.

По техничкиот состав кој заврши пред малку селекторот, Раул Гонзалез ги одреди борците со кои ќе излезе на мегдан со Романија. Шпанскиот стратег се одлучи за веќе проверени сили, оние од Европското првенство. Од поискусните ракометари го нема Гоце Ојлески.

Двете репрезентации премиерно ќе се соочат во последниот филтер од квалификациите, во кои Македонија ќе ја има улогата на фаворит, пред сè поради фактот дека „црвено-жолтите" во последната деценија се редовен учесник на ЕП и СП, за разлика од Романија, која константно завршува во квалификациите. Нашиот противник во баражот во последниве 20 години имал само две учества на мундијалите, 2009 и 2011, додека на Европските првенства нема настап од 1996 година.

И додека за Македонија главниот мотив е задржување на континуитетот настапи на големите натпреварувања, како и фактот дека ова СП има посебно значење бидејќи со добар пласман на истото може да не однесе и во квалификациите за ЛОИ 2019, за Романците овој двомеч значи враќање на големата сцена. Долго апстинира нашиот противник од големите собири, а со ангажирањето на Чави Пасквал (актуелниот стратег на Барселона) за селектор сакаат да ја сменат таквата традиција.

Најново во Ракомет