ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ ЗА ДЕУЛОТ ВО МОНПЕЛЈЕ

Прво ЛШ искуство за Кизиќ, деби на Оцвирк, Гребиј се враќа за Вардар

Роберто Гарсија Парондо на дуелот со Монпелје ќе го има на располагање целиот состав со кој дотапува во Монпелје. 

објавено: 15 септември 2018 - 14:00

Младиот голман, Марко Кизиќ за првпат се најде на клупата на Вардар за меч од Лигата на шампионите. Во „црвено-црниот" дрес ќе дебитира словенечкиот репрезентативец, Грегор Оцвирк, додека последното засилување, Калифа Гедбан ќе го видиме во Скопје. 

На спротивната страна европскиот првак, иако беше најавенод дека Матје Гребиј ќе го прескокне првиот меч поради проблеми со грбот, сепак се најде во составот, дали ќе настапи ќе биде познато во 17:30 часот. Тренерот Патрис Канаје и натаму не може да смета на услугите на Мишел Гигу.

 

Најново во Ракомет