ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА ВО ЕДНО ПОИНАКВО ЛИЦЕ

Пркна и Металург - прва победа во Лигата на шампиони (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицепрвак ја забележа првата победата во Лигата на шампионите, на домашен терен го совлада Чеховски Медведи со 25-24. 

објавено: 4 ноември 2018 - 18:32

Новото и старото во Металург одлично се вклопија, во СЦ „Борис Трајковски“ видовме поинакво лице на македонскиот вицепрвак. Паузата, одличниот Никола Даниловски (мечот го заврши со 16 одбрани), одморените млади ракометари и свежината која ја внесе триото Шпенде, Пучник и Риберио беше добитната формула за прва победа во Лигата на шампионите, Чеховски Медведи е совладан со 25-24 (16-10). 

Прво име во редовите беше Димитриоски со пет гола, додека Токиќ, Шпенде и Серафимов имаа по четири погодоци, на другата страна Маслеников имаше седум гола. 

Петнасетина минути им беа потребни на Данило Брестовац и неговите избраници да ги „наштимаат“ нападот и одбраната. Расположениот Никола Даниловски (12 одбрани во првото полувреме) го повлече тимот, благодарение на неговата серија на интервенции, Металург направи серија од 5-0 (Риберио, Токиќ и Миличевиќ) и во 21. минута поведе со 15-8. На другата страна гостите по пауза од осум и пол минути постигнаа гол. Тимот од Автокоманда не им дозволи да се разиграат, на полувремето замина со највисоки 16-10.

Позитвата од шест гола (17-11) во 33. минута, Чеховски ја преполови во Маслеников во 41. минута (18-15). За разлика од претходните мечеви, Металург успеа да го задржи ритамот и во второто полувреме, кое во претходните кола беше голем проблем. Предноста не беше шест гола, гостите дури и успеаја да намалат на два гола 24-22 во 25. минута, а потоа и 25-24 во финишот, но немаа време за повеќе. 

И во следното коло „металурзите“ се домаќини, во четврток го пречекуваат Спортинг. 

 

Најново во Ракомет