ВРЕМЕ Е ЗА РАКОМЕТНА „ФЕШТА“

Познати составите за Вардар - Барса: Парондо ќе напаѓа со целиот „арсенал“

Вардар ја пречекува Барселона (17 часот) во меч за првото место на табелата во Лигата на шампионите. 

објавено: 11 ноември 2018 - 10:48

Време е за ракометна фешта, долго очекуваниот меч меѓу Вардар и Барселона кој ја дигна цела Македонија на нозе се игра денеска со почеток во 17 часот. Македонскиот првак ќе го напаѓа каталонскиот гигант со целиот арсенал, во составот се враќаат Вуко Борозан и Рожерио Мораес. И натаму го нема Словенецот, Грегор Оцвирк, но со оглед на тоа дека не е носител на играта, неговото отсуство нема да промени ништо.

Неколку дена пред натпреварот од таборот на Вардар испратија апел до сите оние кои имаат билети. Деталите може да ги прочитате ТУКА. 

Најново во Ракомет