НОВИОТ СОСТАВ НА ШАМПИОНОТ НАСКОРО ЌЕ ГО ВИДИМЕ НА ДЕЛО

ПОЧНУВА НОВАТА ЕРА: Парондо го собира Вардар на 24 јули

Македонскиот шампион, Вардар на 24 јули ќе стартува со подготовките за новата сезона во која ќе настапи во доста изменет состав. 

објавено: 3 јули 2018 - 10:38

Македонскиот шампион, Вардар на 24 јули ќе стартува со подготовките за новата сезона во која ќе настапи во доста изменет состав. „Црвено-црните“ предводени од Роберто Гарсија Парондо во Скопје ќе останат седум дена, период предвиден за лекарските прегледи, а потоа ќе заминат во Крањска Гора на подготовки.

Вардар ќе настапи на два меѓународни турнири, во Германија и во Франција, а како проверка на силите ќе биде и Суперкупот кој е закажан за 18 август во Струга против тимот на Металург.

Турнирот во Германија е планиран во перидот од 10 до 13 август. Според програмата, првиот ден македонскиот тим ќе игра против Хамбург. На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.

На крајот од август е меѓународен турнир во Стразбург, Франција. Вардар ќе биде во Група 1 заедно со ПСЖ и Мешков Брест. Во Група 2 ќе бидат: Нант, Монпелје и Веспрем.

Што се однесува до „ростерот“, „црвено-црните“ пред неколку дена го пиотпишаа Сташ Скубе, а се очекува да пристигнат уште неколку нови имиња. 

 

 

Најново во Ракомет