ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ ВО НЕДЕЛА

ПОБРЗАЈТЕ: Вардар пушти нови 200 билети за дуелот со Барселона

Македонскиот првак, Вардар како и секогаш мисли на своите навивачи, денеска во продажба пушти нови 200 билети за мечот со каталонскиот гигант. 

објавено: 5 ноември 2018 - 12:10

Македонскиот првак, Вардар како и секогаш мисли на своите навивачи, денеска во продажба пушти нови 200 билети за мечот со каталонскиот гигант. Цената на овие карти кои се за стоење изнесува 150 денари.

Оваа средба ќе одлучи кој од овие два тима ќе се издвои на врвот, откако Барселона го совлада Келце на домашен терен, а Вардар се врати на победите на сметка на Мешков Брест.

Двата тима по шестото коло имаат скор од пет победи и само еден пораз. Мечот се закажан со почеток во 17 часот. 

Најново во Ракомет