РЕАЛНОСТА Е ТАА

Победно не може да биде: Погледнете како изгледа тимот на ЖРК Вардар за новата сезона

Ако случајно отворите „Википедија“ и го побарате европскиот вицепрвак ЖРК Вардар ќе се шокирате.  

објавено: 21 јуни 2018 - 14:30

Иако по завршувањето на сезоната, во која ЖРК Вардар со сите ѕвезди во тимот не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, ни беше јасно дека деновите на успешен европски женски ракомет згаснуваат, сепак болката останува и понатаму.

Ако случајно на „Википедија“ го побарате ЖРК Вардар ќе се шокирате. Бедно изгледа составот за новата сезона, а уште победно делот предвиден за нови трансфери и оној за заминати играчи.

Засега во плановите на управата на „црвено-црните“ која се чини е на предолг летен одмор се само три ракометарки: Јована Мицевски, Јована Саздовска и Леонида Гичевски.

Шокот продолжува подоле, ниту едно име не постои во делот на потенцијални членови на ЖРК Вардар, но затоа пак нема крај на ракометарките кои го напуштија тимот. 

За жал на оваа слика ќе мора да се навикнеме што побрзо, бидејќи ѕвездениот и силен тим замина во историја, по пет сезони во Лигата на шампионите, во „Јане Сандански“ ќе гледаме само машки европски ракомет.

А каков ќе биде планот и дали воопшто има план за ЖРК Вардар останува да завршат летните одмори, па потоа најверојатно ќе ја имаме таа чест и ќе дознаеме што ќе се случува.

Најново во Ракомет