НАВРЕМЕ ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ МЕСТО

Од понеделник во продажба билетите за Вардар - Келце

Од понеделник (19 ноември 2018) во продажба се пуштаат билетите за следниот домашен натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кјелце.

објавено: 14 ноември 2018 - 09:52

На 1 декември Вардар е домаќин на Кјелце во последниот меч годинава во Лигата на шампионите. Натпреварот е закажан за 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански". 

„Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Кјелце се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk“, информираат од Вардар.

По седум одиграни натпревари во група А во Лигата на шампионите Вардар е на делба на второто место 10 бода, исто колку и Рајн некар и Кјелце, викендов и гостува на Барселона. 

Најново во Ракомет