Потврда за двата веќе реализирани трансфери

Пенезиќ и Хмирова на промоција во Шифок (Фото)

Двете вардарови ракометарки, Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова ја искористија паузата и „скокнаа“ до Унгарија на официјална промоција во новиот клуб Шиофок

објавено: 16 март 2018 - 12:27

Двете вардарови ракометарки, Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова ја искористија паузата и „скокнаа" до Унгарија на официјална промоција во новиот клуб Шиофок.

Двете одлични ракометарки на македонскито првак го следеа патот на Лекиќ, Цвијиќ, Радичевиќ..., кои веќе си најдоа нови клубови и од следната сеозна ќе настапуваат за унгарскиот тим.

„Размилсував за пензионирање, но добив неколку убави понуди и одлучив да продолжам да играм. Раководството на Шиофок ми понуди најдобри услови, за мене е добро што и Загреб е блиску, па одлучив да се преселам во Унгарија. Мибнав четири убави години во Скопје, но дојде време да се преселам во поинаква и нова средина. Се надевам дека со Шиофок ќе играме во Лигата на шампионите“, изјави Пенезиќ.

Во ракометниот свет, веќе стана вообичаен тренд, во тек на сезоната да се официјализираат трансфери за идниот период. Пред Пенезиќ и Хмирова, триото на ЖРК Вардар, Лекиќ, Цвијиќ и Радичевиќ замина за Букурешт на промоција во ЧСМ, екипа која може да им биде ривал на вардарки на фајналфор турнирот во Лигата на шампионите.

Најново во Ракомет