НАСЛЕДНИКОТ НА РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ ГЛЕДА И УЧИ

Парондо собира искуство во Келн

Стратегот, кој во следната сезона ќе го превземе „црвено-црниот“ тим е дел од делегацијата на Ф4 во Лигата на шампоните и полека влегува во „шемата“ како се води вардаровиот табор

објавено: 26 мај 2018 - 16:00

Од Келн,

Марија Ковачева и Весна Николовска

Наследникот на Раул Гонзалез на клупата на РК Вардар, Роберто Гарсија Парондо е дел од делегацијата на европскиот првак на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите.

Асистентот на Гонзалез на клупата на националниот тим дојде на завршницата на ЛШ за полека да влезе во „шема“ како се води вардаровиот табор.

„Тука сум за да гледам и да учам. Да видам како функционираат работите, да ја почувствувам атмосферата и потоа полесно да ми биде превземањето на тимот“, ни објасни Парондо.

Новиот Шпанец на клупата на македонскиот првак ќе седне во август, а едно е сигурно, дека ќе добие и нов асистент, со оглед на тоа дека и Давид Дејвис дефинитивно заминува од Скопје.

Најново во Ракомет