ВАРДАР ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА ЗА БАРСЕЛОНА

Парондо со една измена во составот

Македонскиот првак, Вардар денеска заминува за Барселона каде во сабота ќе ги одмери силите со каталонскиот гигант. 

објавено: 15 ноември 2018 - 09:10

По убедливиот и прв пораз на домашен терен (26-30), Вардар во сабота (19 часот) ќе има шанса да му се реваншира на лидерот во групата А, Барселона. Роберто Гарсија Парондо за дуелот со каталонскиот гигант на располагање ќе го нема Бразилецот, Рожерио Мораес, кој мораше да оди на операција и да го реши проблемот со коленото, кое го мачеше уште на стартот на сезоната. Оттука шпанскиот стратег направи една измена, во составот на македонскиот првак ќе биде младинскиот репрезентативец, Марко Мишевски.

Вардар денеска ќе тргне зе Барселона, во салата „Блауграна“ ќе одржи два тренинзи пред саботната пресметка. 

„Црвено-црните“ немаат победа на гостински терен, од шесте одиграни меча, само два завршиле со минимален пораз, на останатите четири средби шпанскиот тим доминирал. 

Осмото коло во групата А го отворија Монпелје и Рајн Некар, бранителот на титулата на домашен терен се радуваше на првата победа сезонава (31-26).

Составот на експедицијата е следен: Стоилов, Чупиќ, Борозан, Дисингер, Дибиров, Војводиќ, Скубе, Карачиќ, Криштопанс, Кисељев, Шишкарев, Поповски, Калараш, Мишевски, Милосављев и Гедбан.

Најново во Ракомет