КАПИТЕНОТ СЕ ВРАЌА

ОДЛИЧНА ВЕСТ: Вардар со Стоилов против Рајн Некар

Иако беше најавен за мечот со Келце, Стојанче Стоилов ќе биде во составот на Вардар за денешната пресметка со Рајн Некар. 

објавено: 6 октомври 2018 - 11:09

Вардар со изненадување во составот за денешниот дуел со Рајн Некар во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите. Капитенот Стојанче Стоилов се враќа на терените по повредата на дланката со која за се здоби на стартот на сезоната. 

Во составот на македонскиот првак се и Рожерио Мораес и Вуко Борозан, како и новиот голман Калифа Гедбан, кој за првпат ќе настапи во ЛШ. На другата страна Илија Абутовиќ ќе биде на клупата на Рајн Некар но нема да влезе во игра поради повреда.

Ова е најава за добар меч и нова победа во елитното натпреварување. Натпреварот е закажан со почеток во 17:30 часот. 

 

 

 

Најново во Ракомет