ЕХФ ГИ ОБЈАВИ ПОЗИЦИИТЕ НА КЛУБОВИТЕ ЗА ЖДРЕПКАТА НА 29 ЈУНИ

ОД ПРВ ШЕШИР ВО ЕЛИТАТА: Вардар и Металург носители во пресрет на ждрепката за ЛШ

Македонските претставници се во првиот шешир.

објавено: 20 јуни 2018 - 15:35

Македонските претставници во Лигата на шампионите, шампионот Вардар и вице-првакот Металург од првиот шешир ќе ја чекаат ждрепката за групната фаза во најсилното европско клупско натпреварување, закажана за 29 јуни во Виена.

Вардар и Металург ќе бидат носители на групите, „црвено-црните“ во А и Б, додека Металург во Ц и Д конкуренцијата.

Вардар од првиот шешир е во друштво на ПСЖ, додека „металурзите“ се со Висла Плоцк, тимови кои со сигурност нема да им бидат противници во групната фаза од Лигата на шампионите следната сезона.

Најново во Ракомет