ПОВТОРНО ЌЕ СЕ АКТИВИРА ВУЛКАНОТ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

НОВ СПЕКТАКЛ: Вардар-Веспрем прогласен за меч на колото во ЛШ!

На почетокот на следниот месец продолжуваат натпреварите од групната фаза од Лигата на шампионите, а Вардар на 6 февруари гостува кај Рајн Некар. Претходно „црвено-црните" на 31 јануари ќе гостуваат кај Војводина во Нови Сад во рамките од СЕХА лигата.

објавено: 18 јануари 2019 - 17:19

До крајот на групната фаза од ЛШ остануваат уште четири кола. По 10 одиграни натпревари Вардар е на второто место во Група А со 13 бода, еден повеќе од Рајн Некар, Веспрем и Кјелце.

Дуелот од 12 коло против Веспрем е прогласен за меч на колото во Лигата на шампионите. Средбата е закажана за 16 февруари во Скопје во 17,30 часот. На првиот меч одигран во Унгарија победи Вардар со 27:25.

Првиот од групната фаза на ЛШ директно ќе се пласира во четвртфиналето на ЛШ, а екипите пласирани од второ до шесто место ќе играат во осминафиналето на ЛШ. Нивни противници ќе бидат екипи од Група Б и плус уште едне тим што ќе се избори од квалификациите од групите Ц и Д.

Најново во Ракомет