КАЛЕНДАРОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ Е ЧИСТ, А СЛОБОДНИ ДЕНОВИ НЕМА

НЕМА ОДМОР КАЈ ПАРОНДО: Вардар мисли само на Веспрем

Шпанскиот стратег и вардарци комплетно фокусирани на следниот ривал во Лигата на шампионите.

објавено: 8 февруари 2019 - 08:00

Ракометарите на Вардар вчера се вратија од Манхајм, каде во средата имаа импресивна победа над РНЛ на стартот од продолжението во Лигата на шампионите, а денеска тие треба да се појават на тренинг во „Јане Сандански“.

Нема одмор кај Роберто Парондо! „Црвено-црните“ имаат чист календар, односно десет дена немаат никакви обврски ниту во ЛШ, ниту во Регионалната лига, но слободни денови нема.

Шпанецот сака сето време максимално да го искористи за да го рехабилитира, но и подготви тимот, најдобро што може за елитната пресметка со Веспрем во Скопје, на 16 февруари, што може да стави и печат на второто место во групата А.

Поради тоа единствено в недела вардарци ќе добијат ден за оддишка, додека останатото време им е за комплетно фокусирање на мечот со Веспрем, во кој ќе ги пречекаат Давид Дејвис, Арпад Штербик и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

 

Најново во Ракомет