НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО РЕДОВИТЕ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

НАЈАВА ЗА ДОБРА СЕЗОНА: Вардар го потпиша четвртиот руски репрезентативец!

Вардар продолжува со градење на составот за новата сезона. На позицијата десен бек македонскиот првак го доведе долго најавуваниот руски репрезентативец, Дмитри Киселев.

објавено: 17 јули 2018 - 12:09

Вардар сериозно работи на потполнување на проблематичните позиции пред стартот на новата сезона. Во редовите на македонскиот шампион пристигна четвртиот руски репрезентативец, станува збор 23-годишниот Димитри Киселев, за кого се шпекулираше одамна.

Киселев доаѓа од тимот на Санкт Петербург, има искуство во Лигата на шампионите. Тој потпиша договор до јуни 2020 година и е третиот нов ракометар во екипата, по Сташ Скубе и Сергеј Горбок. Претхдно договорите со Вардар ги продолжија Стоилов, Шишкарев, Поповски и Ѓорѓески ги продолжија договорите со „црвено-црните". Во следните неколку денови се очекува официјална потвда за Дејан Милосавњев.

Подготовките се закажани за 24 јули во Скопје, каде новиот стратег Роберто Гарсија Парондо и неговите момци ќе останат до 31 јули по што заминуваат на подготовки во Словенија. Покрај турнирот во Германија, „црвено-црните" на 18 август во Струга ќе го одиграат натпреварот од Супер купот на Македонија против Металург, а на крајот од следниот месец силите ќе ги одмерат на турнирот во Стразбург, Франција.

Најново во Ракомет