И НАТАМУ БЕЗ ПРВА РАДОСТ, ТАТРАН СИ ОДИ СО ЦЕЛИОТ ПЛЕН

На Металург не му се посреќи ниту во „Јане Сандански“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицепрвак, Металург е совладан од Татран Прешов со 24-29 во рамките на третото коло во Лигата на шампиони. 

објавено: 30 септември 2018 - 18:30

Металург ниту во третиот обид не успеа да дојде до првата победа во Лигата на шампионите. СЦ „Јане Сандански“ не им донесе среќа на избраниците на Данило Брестовац на дуелот со Татран Прешов кој славеше со 24-29 и ја продолжи победничката серија во елитното натпреварување.

Јагањац, Танкоски и Серафимов со по пет погодоци беа први стрелеци, на другата страна Анте Бабиќ имаше шест гола од осум обиди.

За разлика од претходните мечеви и во СЕХА-лигата и во ЛШ, младите ракометари на Металург направија мал чекор напред иако крајниот резултат говори нешто друго. Беа рамноправен противник 45. минути, што пак не беше случај претходните натпревари. 

Гостите ги имаа воведните пет минути, поведоа со 4-0, но „металузите" вратија со пет гола и во 11. минута поведоа со 5-4. Од овој момент на теренот следеше неизвесна битика, водството се менуваше, а ниту еден од двата тима не поведоа со повеќе од еден гол. На полувремето беше 13-13.

По осум минут игра по одморот, Татран Прешов направи серија од 3-0 за водство од плус два (15-17). По голот на Миличевиќ за 19-21, гостите успеаја да направат нова серија највисоко водство од шест гола (19-25) во 51 минута. Тука завршија сите надежи во редовите на македонскиот вицепрвак.

Во следното коло од ЛШ, Металург му гостува на Силкенборг, додека претходно ќе ги одмери силите со ППС Загреб во рамките на СЕХА-лигата. 

 

Најново во Ракомет