РАКОМЕТАРИТЕ ИМААТ ПОДДРШКА ОД ФАНОВИТЕ

На 25 дена пред дуелот Вардар - Барселона, билети речиси нема

Дуелот со каталонскиот гигант, Барселона отсекогаш бил атрактивен за љубителите на ракометот. Ништо поразлично нема да биде ниту на 11 ноември. 

објавено: 18 октомври 2018 - 09:00

Првиот пораз на Вардар во Лигата на шампионите од Келце не промени ништо кога станува збор за навивачите. Ракометарите на македонскиот првак и натаму ќе уживаат во посакуваната поддршка од трибините, ќе имаат ветер во грб. За ова говорат информациите од продадените билети за двата претстојни дуели на домашен терен во елитното натпреварување.

На 25 дена пред стартот на мечот меѓу Вардар и Барселона (11 ноември) билетите речиси и нема, во слободна продажба можат да се најдат помалку од 600, кои сигурно за кратко време ќе бидат распродадени. Уште еднаш се покажа дека каталонскиот гигант е атрактивен за љубителите на ракометот.

Ова значи дека челниците на клубот ќе морат да ги пуштат во продажба карите за стоење, кои се практикуваа минатата сезона.

Пред дуелот со Барселона, Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници во СЦ „Јане Сандански“, исто во Лигата на шампионите, но во рамките на шестото коло ќе го пречекаат Мешков Брест. Е, за оваа средба (03.11) има далеку послаба заинтересираност, барем засега. Во слободна продажба има 3.000 билети. Со оглед на ота дека има уште многу време, очекувањата се поинакви, салата да биде исполента.

По петото коло во ЛШ, Вардар го дели првото место токму со Барселона, но и Келце, трите тима имаат скор од четири победи и еден пораз. 

Најново во Ракомет