ПРОБЛЕМОТ Е РЕШЕН

МРТВ ќе ги пренесува натпреварите од СП во Германија и Данска!

Љубителите на ракометот во Македонија сепак ќе ги гледаат мечевите на нашата најдобра репрезентација на Светското првенство. 

објавено: 5 декември 2018 - 10:20

Иако беше најавено дека ниту една македонската телевизиска куќа нема да ги пренесува натпреварите на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Германија и Данска, љубителите на овој спорт можат да здивнат.

МРТВ веќе ги откупи правата за Мундијалот, во последен момент дојде до промени. Телевизиската куќа „Телма“ пред неколку дена најави дека е во обид да ги добие правата за Светското првенство, но оттаму информираа дека сепак нема да ги пренесуваат мечевите.

Директорот на „Телма“ на својот „Фејсбук“ профил ја потврди оваа вест...

Македонија групната фаза на СП ќе ја игра во Минхен, за противници ги има селекциите на Бахраин, Јапонија, Исланд, Хрватска и Шпанија. 

 

Најново во Ракомет