КРУЖНИОТ НАПАЃАЧ ЗАМИНУВА ОД "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" РЕДОВИ

Мораес од следната сезона во Веспрем

По Дејан Манасков и Арпад Штербик, Бразилецот Рожерио Мораес ќе биде трет вардарец кој ќе му се приклучи на унгарскиот тим. Давид Дејвис од пред неколку месеци е главен стратег на клубот.

објавено: 9 јануари 2019 - 17:35

Кружниот напаѓач на Вардар, Рожерио Мораес летово заминува од Скопје, а  негова следна дестинација е унгарскиот клуб Веспрем.

Бразилскиот репрезентативец имаше понуди и од Веспрем и од Нант, а тој одлучи да им се приклучи на екс-вардарците Дејан Манасков и Арпад Штербик, во клубот кој исто така од пред неколку месеци го предводи за него добро познат стратег, поранешниот асистент на Раул Гонзалес на клупата на Вардар, Давид Дејвис.

Мораес е дел од златната генерација на Вардар, ракометар кој со "црвено-црните" стана првиот Бразилец, кој ја освоил Лигата на шампионите.

На популарниот Самба во јуни му завршуваше договорот со македонскиот првак, а тој во Скопје е веќе четири години.

 

Најново во Ракомет