ПО ТРИ ГОДИНИ ВО ДРЕСОТ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Мораес и Вардар ќе се разделат, два тима во трка за Бразилецот

Рожерио Мораес уште шест месеци ќе остане во Скопје. Тој веќе има понуда од две екипи кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите. 

објавено: 29 декември 2018 - 19:00

Овие денови Вардар е топ тема во Европа, на големо се пишува кои играчи можат да го засилат македонскиот првак, а кој би можеле да си заминат.

Кога сме кај разделбите, „Спортмедиа“ донзава дека по завршување на сезоната, Рожерио Мораес и Вардар ќе се разделат. На бразилскиот пикер во јуни му истекува договорот, а првичните информации велат дека соработката нема да биде продолжена.

Оваа информација ја искористија голем број тимови, а засега на неговата адреса има две сериозни понуди. Едната од Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, а додека втората и речиси многу повеќе примамлива доаѓа од Веспрем. Нема да биде ништо чудно доколку следната сезона го видиме во дресот на унгарскиот вицепрвак за кого настапуваат двајца некогашни играчи на Вардар, Дејан Манасков и Арпад Штербик.

Мораес со Вардар има обврски до јуни, во моментов тој се наоѓа во Бразил каде работи на опоравувањето по операцијата на коленото. Пикерот во Скопје дојде во 2016 година, во изминатите години беше еден од главните борци. 

Македонскиот пвак и покрај бројните повреди по првиот дел од сезоната во ЛШ заврши на второто место на табелата во групата А зад Барселона. 

 

Најново во Ракомет