ЛШ: МЕТАЛУРГ ДЕНЕСКА ИГРА ПРОТИВ СИЛКЕБОРГ (15:10 Ч.)

„Металурзите“ по чудо во Данска

Тимот од „Автокоманда" се движи по иста линија во последниве месец дена, а малку е веројатно дека може да изненади со нешто во својот нов натпревар од Лигата на шампионите против данскиот вице-првак Силкеборг.

објавено: 7 октомври 2018 - 10:55

„Металурзите" го имаат можеби најлошото отворање во најсилното европско клупско друштво, со три порази во исто толку натпревари, а со оглед на тоа дека веќе месец дена се движат по иста линија, малку е веројатно дека може да изненадат со нешто на ова гостување.

Тимот на Данило Брестовац ќе има тешка задача пред себе, бидејќи е во сериозна трка за „плеј-офот", а тоа го покажа од самиот старт на елитната сезона. Загубија само на гостувањето во Прешов, додека на домашен терен делуваат и тоа како самоуверено.

За разлика од нив Металург, не знае за радост. Ниту во Лигата на шампионите, ниту во СЕХА, а тимот делува како константно да се бара себе си. Излез од монотонијата засега нема, но како што најави Брестовац потребно е време и трпение.

Скептици сме дека „металурзите" може да понудат нешто повеќе во Силкеборг од она што го гледавме досега, но доколку успејат во тоа тогаш ќе бидеме среќни што не демантирале.

Составот на Металург: Арсеновски, Димитриоски, Јагањац, Јагуриноски, Лазаревски, Маџовски, Миличевиќ, Младеновиќ, Серафимов, Шилегов, Стојановиќ, Танкоски, Токиќ, Томовски, Василевски, Велковски.

Најново во Ракомет