ОЧЕКУВАН ПОРАЗ НА ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА

Металург со сили за едно полувреме во Лисабон

Десеткуваниот Металург, очекувано на гостувањето кај Спортинг беше поразени со 34-26 во првото коло од Лигата на шампионите. 

објавено: 15 септември 2018 - 20:57

Металург со пораз ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите, на гостувањето кај Спортинг Лисабон беше поразен со 34-26 (13-13). Ваквата игра е очекувано, стратегот Данило Брестовац на располагање имаше 13 ракометари, во составот ги немаше Мартин Велковски и томо Јагуриновски.

За пофалба е играта во првото полувреме, ракометарите на Металург не се предадоа од стартот, во овој дел од играта му пружија достоен отпор на противникот, но по одморот, проблемот со играчи во ротација на крајот пресуди. Тимот од Автокоманда во првите 30. минути имаше водство од два гола (4-6, 6-8, 7-9), но по нерешените 13-13, домаќинот ја искористи кратката клупа, на крајот славеше со 34-26. 

Танкоски со шест гола беше прв стрелец во редовите на Металург, зад него беше Лазаревски. 

 

 

Најново во Ракомет