РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР И МЕТАЛУРГ СО ПРИЗНАНИЈА ОД ЕХФТВ

ЛШ: Дибиров и Јагањац во идеалниот тим на колото (ВИДЕО)

По втор пат оваа сезона во Лигата на шампионите руското лево крило на „црвено-црните" е меѓу најдобрите седум играчи на колото, претходно во идеалниот тим се наоѓаше после завршувањето на минатото коло трето коло кога постигна пет голови во триумфот во Унгарија против Веспрем и беше еден од најзабележителните.

објавено: 8 октомври 2018 - 07:45

И овојпат Тимур Дибиров од редовите на македонскиот шампион после победата од 29:27 во СЦ „Јане Сандански" во мечот на колото над Рајн Некар го добива истото признание од ЕХФ тв.

Ракометарот на Вардар ја продолжува својата добра форма, против германската екипа на дуелот во Скопје беше прв стрелец со осум голови.

Исто така и еден играч на нашиот вицепрвак Металург се најде во тимот на колото, станува збор за бекот на „сино-белите", Халил Јагањац.

Иако тимот од Автокоманда во Данска го претрпе и четвртиот пораз во низа сезонава во ЛШ, хрватскиот лев бек блескаше со 10 погодоци против Бјерингбро-Силкеборг.

Лево крило: Тимур Дибиров, Вардар
Лев бек: Халил Јагањац, Металург
Среден бек: Томас Могенсен, Скјерн
Десен бек: Магнус Род, Фленсбург
Десно крило: Аркадиуш Морито, Келце
Пикер: Сењамин Буриќ, ППД Загреб
Голман: Гонзало Перез де Варгас, Барселона

Тимот на колото можете да го погледнете ТУКА

Најново во Ракомет