ЕХФТВ: ЕКС-ВАРДАРЦИТЕ ПОВТОРНО ГО ПРИВЛЕКУВААТ ВНИМАНИЕТО

ЛШ: Циндриќ во тимот на колото, Македа во Топ 5 голови! (ФОТО+ВИДЕО)

Овојпат нема ниту еден играч од македонските клубови Вардар и Металург во изборот на ЕХФтв после одиграното второ коло во Лигата на шампионите.

објавено: 24 септември 2018 - 09:00

Лука Циндриќ не беше во составот на Киелце во првото коло против Веспрем, но затоа на првиот меч за полскиот клуб блесна на домашен терен со пет погодоци и заедно со Алекс Душабев беа први стрелци во триумфот на домашен терен против Рајн Некар на Филип Талески.

Неговата одлична партија го смести ЕХФтв помеѓу најдобрите седум ракометари, во тимот на колото во најквалитетното европско ракометно клупско натпреварување.

ТИМ НА КОЛОТО:

Лево крило: Давид Мандиќ (ППД Загреб)
Лев бек: Ричард Бодо (Пик Сегед)
Среден бек: Лука Циндриќ (Киелце)
Десен бек: Дика Мем (Барселона)
Десно крило: Ласе Сван (Фленсбург)
Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн)
Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)

Видеото со најдобрите седум ракометари на втората рунда од ЛШ можете да го погледнете ТУКА

Исто така уште двајца поранешни Вардарци го привлекоа вниманието, шпанското дуо на Пик Сегед, Жоан Кањелас и Хорхе Македа со нивниот „цепелин" се најдоа во Топ 5 голови, односно на четвртото место.

НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ГОЛОВИ НА КОЛОТО МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најдобрата одбрана ја имаше хрватскиот голман Марин Шего на дуелот против францускиот клуб Нант на Кирил Лазаров.

НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ОДБРАНИ НА КОЛОТО МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Најново во Ракомет