НЕ МУ ДАДОА ШАНСА НА МАКЕДОНСКИОТ ТИМ, НО СЕГА...

Кога ЕХФ се „пере“ за Вардар...

Вардар пред стартот на сезоната не се најде во Топ 10 листата на тимови кои би можеле да се најдат на фајнл-фор завршницата. 

објавено: 5 октомври 2018 - 08:00

По три кола во ЕХФ собраа храброст и одлучија да ја поправат грешката која ја направија пред стартот на сезоната во Лигата на шампиони. Добро ја паметиме онаа Топ 10 листа на тимови кои имаат најголеми шанси да се најдат на фајнл-форт во Келн, во која немаше место за Вардар.

Откако Роберто Гарсија Парондо и неговите момци тргнаа со три победи во низа, го совладаа бранителот на титулата, Монпелје, потоа Кристијанштад и за првпат го урнаа Веспрем на гостински терен, ЕХФ го смени мислењето.

Како вовед за мечот на колото меѓу Вардар и Рајн Некар на официјалната интернет страница излезе текст со наслов „Шест причини причини зошто Вардар продолжи да биде импресивен и оваа сезона“.

Сега целосно се согласуваат со констатацијата на нивниот коментатор: Овој Вардар нема да падне...

„Многумина пред стартот на сезоната беа скептични околу новиот Вардар и колку далеку може да оди. Најдобриот одговор дојде веднаш по првите мечеви“, се вели во воведот на текстот.

Во продолжение се шестте причини поради кои македонскиот првак продолжи онаму каде што застана:

1. Парондо и специјалната шпанска состојка

2. Милосављев - новата блескава ѕвезда

3. Тимскиот дух и покрај бројните заминувања

4. Бразилецот Мораес одлично го замени Стоилов

5. Потценување од страна на противниците

6. Играат без притисок

*Целосниот текст може да го прочитате на овој ЛИНК. 

Најново во Ракомет