КРИЗАТА СЕ ПРОДЛАБОЧИ, ВИСИ ПРОТИВНИКОТ НА ВАРДАР

Келце остана со празни раце, градот одби да му помогне на клубот

Финансиската криза во Келце продолжува. Полскиот вицепрвак е во големи проблеми, градот го одби барањето на претседателот, Бертус Сервас за дополнителна финансиска помош од околу еден милион.

објавено: 10 јули 2018 - 16:01

Финансиската криза во Келце продолжува. Полскиот вицепрвак е во тешки проблеми, градот го одби барањето на претседателот, Бертус Сервас за дополнителна финансиска помош од околу еден милион. 

„Градот не располага со толкава голема сума пари. Можеме да му помгнеме на Келце со стотина илјади злоти, но не сум 4,5 милиони злоти колку што побараа. Тоа е против политиката на градот, има и други клубови кои имаат потреба од финансиска помош. Претседателот Сервас во 2016 година побара помош, ветувајќи дека проблемот ќе бида надминат, но во 2017 одновно побара 2 милиони злоти за опстанок на клубот. Се согласив и покрај тоа што парите потрошат за друга намена“, се вели во известувањето на градот.

Полскиот тим за кого потпиша Лука Циндриќ најави дека ќе мора да им ги намали палатите на ракометарите за да може да преживее, во спротивно го чека најлошото сценарио. Кризата во редовите на Келце започна на почетокот на оваа година, од кога играчите немаат земено плата.

Во јавноста излезе информација дека ПСЖ ја искористил лошата ситуација во редовите на клубот и испратил понуда од четири милиони евра за хрватскиот репрезентативец Циндриќ. Дали првиот човек на Келце ќе признае дека има понуда и на тој начин ќе се обиде да го спаси тимот останува да видиме.

Најлошо сценарио кое може да му се сличи на Келце ако не се најдат потребните пари е сите играчи да си заминат без обештетување.

Инаку полскиот вицепрвак е еден од противниците на Вардар во групната фаза во Лигата на шампионите. 

 

Најново во Ракомет