ЕХФТВ ГИ ОДБРА НАЈДОБРИТЕ ЗА ШЕСТОТО КОЛО

Карачиќ го предводи тимот на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар се врати на победите, на домашен терен го совлада Мешков Брест со 30-23 во неверојатната партија на Игор Карачиќ. 

објавено: 5 ноември 2018 - 08:05

Игор Карачиќ со 11 гола го предводеше Вардар до петтиот триумф во Лигата на шампионите. Токму благодарение на одличната партија на хрватскиот репрезентативец, македонскиот тим го совлада Мешков Брест со 30-23.

Карачиќ на овој дуел ги исполни сите задачи кои му ги довери Роберто Гарсија Парондо, една од нив да го замени суспендираниот Вуко Борозан.

Вардаровиот ракометар на крајот сосема заслужено се најде во тимот за шестото коло во Лигата на шампионите, кој може да го видите на овој ЛИНК.  

Најново во Ракомет