„ПУКНА ТИКВАТА“

Хрватска „сапуница“: Червар ги обвини челниците, во ППД Загреб му се чудат

Лино Червар и ППД Загреб дефинитивно нема пријателски да се разделат. По вчерашната средба со Нексе, искусниот стратег ги повика челниците на клубот да ја кажат вистинската причина за прекинувањето на соработката. 

објавено: 5 декември 2018 - 13:49

Каде е Лино Червар, таму се драмите. Од Загреб доаѓа хрватска „сапуница“, селекторот на тамошната репрезентација и актуелен стратег на „плинарите“ ги повика челниците на клубот да ја кажат вистинската причина за неговото заминување, оти во спротивно тој ќе ги открие сите детали.

За постетување пред три недели, Червар им најави на новинарите дека поради обврски со националниот тим ќе мора да се раздели со ППД Загреб, но во меѓувреме нешто се случило...

„Сакам клубот јавно да каже зошто повеќе не сум тренер, тоа да го направат што поскоро. Во последните десет години постојано ме местат, и тоа клубовите. Постојано ме напаѓаат. Ако клубот не сака да ја каже вистинката, нема да биде добро, ќе кажам се. На некој нема да му биде мило ниту пак пријатно“, рече Червар по дуелот со Нексе.

Денеска челниците на ППД Загреб одржаа прес-конференција.

„Го почитуваме Лино, но она што го збори...“, е дел од реакцијата. „Потенцира дека некои луѓе постојано се обидуваат да го „минираат“, треба да открие кои се тие луѓе. Ние како клуб го штитевме и можам да кажам дека господинот Червар е почитуван од сите нас во клубот. Но, ако пред три недели најави дека си оди, не може сега да бара објаснување. Лино сам се повлече, тоа го најави на прес-конференцијата и обајсни зошто“, рече изјави директорот на ППД Загреб, Ведран Шупуковиќ.

Приказната не завршува тука, наскоро се очекува нова реакција од Червар...

 

Најново во Ракомет