ЕХФ НЕ САКА ПРОМЕНИ

Градот во кој Вардар се искачи на врвот на Европа останува домаќин на Ф4 до 2024

Келн и натаму ќе биде домаќин на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите. 

објавено: 11 декември 2018 - 13:54

До 2024 година нема има промени околу местото на одржување на фајнл-фор завршницата во машката конкуренција во Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација го продолжи договорот со германскиот град на уште нови четири години. 

„Келн е специјално место за сите во европскиот клупски ракомет. Секој ракометар сонува да игра во Келн, нешто што секој навивач сака да го доживее“, изјави првиот човек на ЕХФ Михаел Видерер.

Во мај следната година во „Ланксес Арената“ ќе одбележи десетгодишнина од воведувањето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, на кој Вардар во изминатите две години е учесник. Во првата година ја освои титулата, додела следната беше бранител, но не успеа да го урне проклетсвото.

Актуелниот договор на ЕХФ и Келн завршува во 2020 година, но по официјалната потврда нема да има промени. 

 

Најново во Ракомет