ПРАШАЊЕ КОЕ (НЕ) Е ТЕШКО ДА СЕ ПОГОДИ

ЕХФ ПРАШУВА: Кое е ова момче? (ФОТО)

Кој е овој ракометар, долги години дел од елитниот светски ракомет, а кој ќе биде присутен на Ф4 турнирот во Келн?

објавено: 24 мај 2018 - 12:30

Дали го препознавате ова момче на фотографијата која ја објави ЕХФ, и кое е дел од квизот кој го организира Европската ракометна федерација.

Некои од неговит епријатели ни потврдија дека снимката е направена пред многу, многу години, на едно ракометно играчиште кое се наоѓа во неговото родно место - Свети Николе.

Да, таму некаде на тој светиниколски асфалт почна се.

Почна една неверојатна ракометна кариера, онаа на Кирил Лазаров.

Сега дел од екипата на Нант, еден од евентуалните противници на нашиот Вардар на патот кон одбрана на титулата.

Кирил Лазаров (на сликата), и Вардар, во финалето на Лигата на Шампионите ов недела навечер во Келн. Зошто да не?

Најново во Ракомет