ТРЕНЕРОТ НА МЕТАЛУРГ НЕ МИНА БЕЗ КАЗНА

ЕХФ му додели суспензија на Брестовац

Данило Брестовац нема да го предводи Металург на утрешниот натпревар против Чеховски Медведи во рамките на петото коло во Лигата на шампионите. 

објавено: 12 октомври 2018 - 18:49

Тренерот на Металург, Данило Брестовац не мина без казна за црвениот картон кој го доби на дуелот со Силкеборг во минатото коло. Поради агресивно вербално однесување кон делегатот на натпреварот, судот на ЕХФ на предводникот на тимот од Автокоманда му додели суспензија од една средба.

Ова значи дека Брестовац нема да го води Металург на утрешниот натпревар против Чеховски Медведи во рамките на петото коло во елитното натпреварување. 

Мечот меѓу Чеховски Медведи и Металург се игра со почеток во 15 часот. 

 

Најново во Ракомет