КЕЛН Е ПОДГОТВЕН ЗА ПАТНИЦИТЕ

ЕХФ ја закажа ждрепката за Ф4, останува Вардар да го завери местото

Пред стартот на реванш дуелите од четвртфиналето во Лигата на шампионите, ЕХФ ја закажа дрепката за фајнл-фор завршницата. 

објавено: 24 април 2018 - 18:41

На 2 мај во градот домаќин на завршницата во Лигата на шампионите, Келн ќе бидат познати полуфиналните двојки. ЕХФ ждрепката ја закажа со почеток во 12 часот, а засега веќе на чекор до Ф4 се ПСЖ и Нант, кои на првите средби обезбедија солидна предност против Келце односно Скјерн.

Вардар кој е бранител на титулата во ЛШ од гостувањето кај Кил се врати со минимален триумф од 29-28 и во недела ќе има шанса да пише нова историја во елитното натпреварување. Неизвесно ќе биде на дуелот меѓу Фленсбург и Монпелје, оваа средба заврши без победник.

Иако до последната минута нема да биде ништо познато, сепак многумина веќе подготвија сценарио за Келн: трите француски екипи и Вардар. 

Најново во Ракомет