ВИСТИНСКИ КОГА Е НАЈПОТРЕБНО

Дибиров: Нè чекаат пеколни 120 минути! Ја знаеме нашата цел и најважно е тоа да го покажеме на теренот!

Третпат вардарци преку германски тим, претходно двапати играа со Флензбург во четвртфиналето, ќе бараат пласман на Ф4 во Келн. Овој пат на патот до завршницата стои Кил. 

објавено: 21 април 2018 - 10:00

Третпат вардарци преку германски тим, претходно двапати играа со Флензбург во четвртфиналето, ќе бараат пласман на Ф4 во Келн. Овој пат на патот до завршницата стои Кил.

Атмосферата во таборот на „црвено-црните“ е на највисоко ниво, свесни се дека ги чека тешка задача, но веруваат дека ќе се прикажат во препознатливото светло кога е најпотребно, како и секогаш. 

„Многу сме возбудени и позитивно нервозни. Четвртфиналето е таква фаза, останува уште еден чекор до Ф4 во Келн. Цела година ги чекаме овие два натпревари.
Нè чека тежок дуел, тука нема дилема. Формата на Кил е во нагорна линија, делува сосем поинаку од оној Кил од првиот дел од сезоната. Видео-анализити ни покажаа некои позитивни работи кои може да ги искористиме во двомечот со нив.
Нè чекаат пеколни 120 минути! Нема шанси да се реши нешто уште на првиот натпревар. Максимално сме концентрирани и иако можеби нема се да оди како што посакуваме свесни сме дека имаме квалитет и дека можеме да играме такви натпревари. Досега се покажа дека кога беше потребно Вардар беше во вистинската форма и ги одигра вистинските минути и се надевам дека и сега ќе биде така.
Потребно е да ја задржиме дисциплината во играта, тактичка подготовка и мирноста, да играме како што тренираме. Ја знаеме нашата цел и најважно е тоа да го покажеме на теренот. Нема потреба да бараме 'џокер' или некое изненадување, туку да понудиме тимска игра, да им го дадеме европскиот првак. Секој од нас да одработи како што треба - тоа е доволно за исходот да биде позитивен", ни изјави крилото Тимур Дибиров.

Најново во Ракомет