ХРВАТОТ ЗНАЕ КАКОВ ПЕКОЛ ГО ЧЕКА ВО СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Циндриќ се плаши да не биде исвиркуван во Скопје

Лука Циндриќ долго време беше миленик на македонската публика. Момчето од златната генерација на Вардар, во сабота ќе биде на другата страна на теренот, заедно со Келце ќе се обидат да си заминат со целиот плен. 

објавено: 29 ноември 2018 - 15:29

Никој во Скопје нема да ги заборави одличните партии на Лука Циндриќ во дресот на Вардар. Хрватскиот репрезентативец најмногу ќе се памети по голот во полуфиналето против Барса на Ф4 во Келн, година во која македонскиот тим се искачи на тронот на Европа.

Токму убавите денови минати со „црвено-црните“ му даваат надеж на Циндриќ дека во Скопје нема да добие свирежи, тој најдоброт го познава пеколот во СЦ „Јане Сандански“. 

„Во Скопје не очекува полна сала, атмосферата ќе биде иста како во Полска, се надевам дека нема да ме исвиркаат. Минав убави години во Вардар, се уште имам пријатели во Скопје“, вели Циндриќ, кој се надевам дека ќе може да му помогне на својот тим да дојде до двата бода.

Фановите на македонскиот тим со овации го поздравија Илија Абутовиќ, кој сега го носи дресот на Рајн Некар. Дефанзивецот доби дрес од Вардар, а фановите го расплакаа. Слично сценарио се очекува и за Циндриќ. 

 

Најново во Ракомет