КЕЛЦЕ СО ПРВА ПОБЕДА, ПРВ ПОРА ЗА ВЕСПРЕМ

Циндриќ и Душебаев ги скротија „лавовите“, Манасков падна во Барселона

Македонските репрезентативци, Филип Талески и Дејан Манасков ги запишаа првите порази во Лигата на шампионите. 

објавено: 22 септември 2018 - 19:55

Рајн Некар на гостувањето кај Келце беше совладан со 35-32 во одлична партија на екс-вардарците, Лука Циндриќ и Алекс Душебаев, двајцата мечот го завршија со по пет погодоци. За полскиот тим ова беше прва победа сезонава, додека пак за бундес-лигашот прв пораз. Македонскиот репрезентативец, Филип Талески не доби шанса на овој дуел.

Ниту Дејан Манасков немаше среќа на гостувањето кај Барселона, неговиот Веспрем беше совладан со 31-28, во меч во кој немаше шанса за триумф. Репрезентативецот не успеа да се запише во листата на стрелци.

 

Најново во Ракомет