ПОЛСКИОТ ТИМ СЕ ЗАГРЕВАШЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

Циндриќ, Душебаев и Келце се подготвени за Вардар

Келце во победничка атмосфера го пречекува македонскиот првак, вечерва во домашниот шампионат го совлада Квиџин со 36-27. 

објавено: 9 октомври 2018 - 22:55

Келце е новиот противник на Вардар во Лигата на шампионите, дуелот се игра во недела. За разлика од македонскиот првак кој нема обврски ниту во СЕХА-лигата, полскиот тим вечерва одигра меч од седмото коло во тамошниот шампионат. Пред своја публика Келце славеше со убедливи 36-27 (17-16) за седма победа во низа. 

Морито со осум погодоци беше најефикасен, два помалку имаше Душебаев, додека пак вториот некогашен играч на Вардар, Лука Циндриќ запиша четири гола.

Келце во ЛШ има три победи и еден пораз, и се надева дека серијата на Вардар ќе заврши токму во Полска. 

Најново во Ракомет