НА ДВА ДЕНА ПРЕД ДУЕЛОТ МЕЃУ КЕЛЦЕ И „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

БИЛЕТИТЕ СЕ РАСПРОДАДЕНИ: Вардар ги полни трибините на противниците

Вардар го чека нов гостински меч пред полни трибините. Салата „Легионово“ во Келце е распродадена, во моментов не можат да се купат билети. 

објавено: 12 октомври 2018 - 15:15

Сите сакаат да го видат Вардар на колена. Откако не им успеа на бранителот на титулата, Монпелје, Веспрем, Кристијанштад и Рајн Некар, скалпот на македонскиот првак го сака Келце и неговите фанови. На две дена пред мечот од петото коло во Лигата на шампионите салата „Легионово“ која има капацитет од 4.200 седишта е распродадена. 

Но, Роберто Гарсија Парондо покажаа дека знаат да играат во пеколни услови, па токму ваквата атмосфера ќе биде дополнителен мотив да дојдат до нова победа во ЛШ и да се зацврстат на врвот на табелата А, пред паузата.

Вардарци отпатуваа за Келце, ќе имаат доволно време да се адаптираат и секако да го направат последниот договор пред неделната пресметка. 

 

Најново во Ракомет