ДОПОЛНИТЕЛНИ „АКТИВНОСТИ“

Лазаров и Пешевски завршија на допинг контрола

 По случаен избор овие двајца наши репрезентативци мораа да потврдат дека немаат користен никакви недозволени средства, што е стандардна процедура по вакви мечеви

објавено: 13 јуни 2018 - 19:23

Од Клуж, Марија Ковачева

Капитенот Кирил Лазаров и пивотот Жарко Пешевски имаа и „трето полувреме“ на гостувањето во Романија. Овие дваца ракометари немаа многу можност да се радуваат со соиграчите, бидејќи беа повикани на допинг контрола. 

Ваквата допинг контрола е стандардна процедура на ЕХФ по завршување на мечевите. Ако се знае дека Лазаров и Пешевски низ кариерата и порано биле дел од вакви контроли и никогаш немало црна дамка, јасно е дека се работи за рутинска проверка, по која ќе ја продолжат радоста за пласманот на Светското првенство 2019 година. 

Најново во Ракомет