ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПОЛСКИОТ ПРВАК ДЕЦИДЕН

КЕЛЦЕ НЕГИРА: Нема понуда за Циндриќ

Хрватските портали пишуваат бесмислици. Не постои понуда од ПСЖ" – демантираше првиот човек на Келце, Бертуш Сервас.

објавено: 5 јули 2018 - 14:17

Немало никаква понуда за хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ од ПСЖ до полскиот првак Келце. Ова официјално го потврди претседателот на Келце, Бертуш Сервас.

„Хрватските портали пишуваат бесмислици. Не постои понуда од ПСЖ" – демантираше првиот човек на Келце, Бертуш Сервас и додава „Ќе биде тешко да се продаваат играчи во иднина, кога имате долгови, тие можат да заминат за без пари."

На почетокот на неделава на хрватските портали излезе информација дека „светците" го сакаат Циндриќ во своите редови и дека понудиле четири милиони евра за да го откупат неговиот договор од Полјаците.

Инаку Келце исто така обелодени дека се наоѓа во финансиска криза и отворено побара помош од градот во износ од нешто повеќе од еден милион евра. Советот на Келце одговор треба да даде на 26 јули, а според зборовите на Сервас во спротивно на клубот му се заканува банкрот.

Најново во Ракомет