ПСЖ ПРЕКУ НАНТ ДО ПОЛУФИНАЛЕ ВО КУПОТ

Раул го елиминираше Лазаров

ПСЖ и Нант одиграа одличен меч, на крајот домашниот тим предводен од селекторот Раул Гонзалез славеше со и обезбеди место во францускиот Куп. 

објавено: 13 декември 2018 - 22:22

Раул Гонзалез ја доби едната од двете битки против Кирил Лазаров до крајот на оваа година. Селекторот на македонската репрезентација и неговиот ПСЖ на домашен терен го совладаа Нант со и се пласираа во полуфиналето на францускиот Куп.

Двата тима одиграа одличен меч со бројни пресврти, гостите на полувремето имаа позитива од еден гол 18-19, но во самиот финиш на мечот при 30-30 успеаја да направат серија од 3-0.

Лазаров натпреварот го заврши со два гола од четири обиди, сите ги постигна во второто полувреме. 

ПСЖ и Нант за неколку дена одново ќе ги одмерат силите, но овој пат во францускиот шампионат. По оваа средба Гонзалез и Лазаров ќе дојдат во Скопје, каде на 24 овој месец ќе започнат подготовките за Светското првенство во Германија и Данска. 

Најново во Ракомет